КАКО ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ОЧИ? Очите ни го обезбедуваат најубедливиот контакт со околината. За човекот видот е највредното сетило и неговото оштетување или губење значително го ограничува квалитетот на животот, затоа мораме да ги заштитиме нашите очи. Како изгледа и функционира окото? Човечкото око е специфичен орган. Неговиот функционален дел е очната леќа, која овозможува светлосните зраци кои минуваат низ рожницата правилно да паднат на мрежницата. Тие промени влијаат на структурата на мрежницата и дразбата се пренесува понатаму до мозокот. Ако оптичкиот апарат на окото добро и правилно функционира, светлосните зраци се кршат точно на мрежницата, а резултатот е јасна слика од предметот. Ако пак оптичкиот апарат не функционира исправно, светлосните зраци се кршат пред или зад мрежницата. Резултатот е замаглен и нејасен вид. за корекција на рефракциската грешка се применуваат диоптриски очила, контактни леќи или операција. Очната леќа е многу осет...