КАКО ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ОЧИ?


Очите ни го обезбедуваат најубедливиот контакт со околината. За човекот видот е највредното сетило и неговото оштетување или губење значително го ограничува квалитетот на животот, затоа мораме да ги заштитиме нашите очи.



Како изгледа и функционира окото?

Човечкото око е специфичен орган. Неговиот функционален дел е очната леќа, која овозможува светлосните зраци кои минуваат низ рожницата правилно да паднат на мрежницата. Тие промени влијаат на структурата на мрежницата и дразбата се пренесува понатаму до мозокот. Ако оптичкиот апарат на окото добро и правилно функционира, светлосните зраци се кршат точно на мрежницата, а резултатот е јасна слика од предметот. Ако пак оптичкиот апарат не функционира исправно, светлосните зраци се кршат пред или зад мрежницата. Резултатот е замаглен и нејасен вид. за корекција на рефракциската грешка се применуваат диоптриски очила, контактни леќи или операција.
Очната леќа е многу осетлива и има необична структура. Нејзината необичност лежи во тоа, што за разлика од други делови на телото не содржи крвни капилари кои ги впиваат хранливите материи. Заради тоа има многу ограничена способност за регенерација. За разлика од други делови на телото кои имаат способност за брзоотстранување на оштетените клетки и непосакуваните материи, очната леќа ја има таа способност единствено кај младите луѓе. Во староста таа е многу осетлива на разни негативни дејства, а таквата состојба може да доведе до нејзино оштетување.

Што им пречи на нашите очи?

На очите им пречат разни негативни појави.  Некои влијанија може да се намалат, а други не. Меѓу најголемите непријатели на видот спаѓаат:
УВ зрачење – очите едноставно мораме да ги заштитиме со очила со УВ филтер. Константно излегување на силно сонце не само што ќе создаде брчки на лицето, туку може и неповратно да ја оштети очната леќа и мрежницата.
Неквалитетна исхрана – Исхраната која не содржи доволно антиоксиданси потребни за регулација на слободните радикали.
Претерано напрегање на очите – Читање под слабо и неадекватно светло, долготрајно гледање телевизија или долготрајно работење на компјутер. Додека читаме од компјутерскиот екран трепкаме нецелосно и не доволно често. Повеќе за тоа прочитајте тука.
Загадување на воздухот – Нечист воздух како што е смогот, димот од цигари или индустриски загаден воздух содржи материи кои се извор на слободни честички. Тие не влијаат само на здравјето на очите, туку и на здравствената состојба на целиот организам.

Може ли исхраната да влијае врз здравјето на нашите очи?

Научните истражувања покажуваат дека важна улога на здравјето на очите може да имаат соодветниот и балансиран внес на витамини, каротеноиди и минерали. Мора да се внесуваат по пат на исхрана бидејќи самиот организам не е во состојба зам да ги „произведува“. Корисен избор исто така може да бидат мултивитамински таблети со минерали. Витамините се нужни за добар вид и за зачувување на здравјето на нашите очи од детството до староста.
Одредени витаминикаротеноиди и минерали ги штитат очите така што:
  • Ја одржуваат функцијата на очниот нерв
  • Го смалуваат ризикот од ноќно слепило
  • „Се борат“ против слободни радикали и на тој начин ги штитат очите од оксидативно оштетување

Како да го одржувате здравјето на очите?

Здравјето на очите не е само „дар на судбината“.Во голема мера нивната состојба е во наши раце. За одржување на здравјето на очите многу придонесува конзумацијата на балансирана исхрана богата со овојше и зеленчук и додатоци во исхраната кои се збогатени со витамини и минерали кои штитат од сонцето. Бидејќи дури и кога сонцето е слабо се препорачува носење на очила за сонце.


Comments

Popular posts from this blog