10 НАЧИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЕКЦИИТЕ КАЈ КОРИСНИЦИТЕ НА КОНТАКТНИ ЛЕЌИ
Доколку носите контактни леќи многу е важно да ја разберете важноста на правилната хигиена на очите. Правилната хигиена при носење на контактни леќи може да спречи сериозни инфекции на окото.
Наведовме 10 најдобри начини како да се намали можноста за инфекции на окото предизвикани од носењето на контактни леќи.
1. Извадете ги контактните леќи пред контакт со вода. Контактните леќи би требало да се извадат пред пливање, туширање или капење.
2. Секогаш измијте ги рацете пред ракување со леќите. Рацете треба да се мијат со сапун и темелно да се сушат пред ракување со контактни леќи.
3. Контактните леќи секогаш мора да бидат чисти. Контактните леќи треба правилно да се исчистат според упатството од производителот или вашиот оптометрист или офталмолог.
4. Дезинфицирајте ги вашите леќи. Користете препорачана течност за контактни леќи. Обичен физиолошки раствор не ги дезинфицира вашите леќи, туку служи само за плакнење.
5. Користете свежи производи. Секој пат кога ги чувате вашите леќи во соодветен сад или ги плакнете, внимавајте да користите свеж раствор за плакнење, дезинфекција и чување на контактни леќи.
6. Исфрлете ја искористената течност. Секогаш исфрлајте ја течноста за дезинфекција во која леќите ја поминале ноќта. Не дотурајте течност во веќе искористената течност.
7. Чувајте ги леќите во посебни кутивчиња за леќи. Контактните леќи секогаш треба да се чуваат во чисто дезинфицирано кутивче за леќи.
8. Одржувајте ги чисти кутивчињата за леќи. Се препорачува кутивчињата за чување на контактни леќи да ги чистите со средства за чистење на леќи, а не со вода. Менувајте ги кутивчињата за чување леќи минимум еднаш на три месеци.
9. Заменувајте ги контактните леќи редовно. Придржувајте се на режимот за миење на контактни леќи. Ако се тоа на пример дво-неделни леќи, носете ги 14 денови, не и повеќе од тоа.
10. Одете на редовна контрола на очи. Со одење на редовна контрола на очите се намалува ризикот од инфекција или болести на окото, кои во повеќето случаи немаат симптоми. На овој начин на време се открива навремена состојба на очите и така се намалува можноста за непожелни компликации.


Comments
Post a Comment