Што е оптометрија? 

Оптометријата е професија која веќе одамна е позната во Европа и светот. На нашите простори пошироката јавност уште не е доволно запознаена со оваа гранка од здравството. Се работи за специјализација чија главна задача е корекција на видот

Оттука, оптометристи се професионалци образовани за да извршат преглед на видот, да откријат разни нарушувања на видот и да препознаат можни болести кои го зафаќаат окото или визуелниот систем на човекот. Работата на ваков професионалец секако може да биде потребна и корисна. 


Како и секоја друга професија, оптометријата во разни држави и се разликува по начинот на образование и во праксата. Оптометријата е една од трите дисциплини кои се вклучени во грижата за видот. Со оптметристите работат офталмолози кои пружаат медицинска грижа, потоа оптичари, кои ги обезбедуваат оптичките помагала и контактните леќи. 

Која е разликата помеѓу опмтометрист и офталмолог? 


Оптометрист е квалификуван за извршување преглед на видот и третирање на состојбите како што се кратковидост, далекувидост и астигматизам. Способен е за препишување диоптриски очила. контактни леќи, вежби за очи и помагала за вид. Запознаен е со сите врсти на очила и контактни леќи и за припремање и изработка на диоптриски очила. Исто така препознава болести и воспаленија на око, како што се: сива мрена, кератоконус, коњуктивитис и други. Во случаите кога е потребно, ги упатува пациентите на офталмолог за третирање на тие состојби. Нема право да оперира ниту лечи болно око.
Офталмолог е доктор кој дава комплетна грижа на око, вклучувајќи и преглед на видот. Не е директно поврзан со изработка на диоптриски очила и обично не дава совети за одбирање на диоптриски леќи. Медицински ги третира сите болести и повреди на окото и врши хирушки зафати за нив.
Оттука, главна разлика помеѓу оптометрист и офталмолог е во тоа што, оптометристот преку квалитетна контрола на видот ги советува индивидуалните пациенти каков вид на диоптриски леќи треба да одберат, во зависност од нивните потреби и предиспозиции. Но на друга страна не лечи и не оперира болно око, како што е случај со офталмологот. 


Comments

Popular posts from this blog