Posts

Showing posts from 2017
Image
КАКО ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ОЧИ? Очите ни го обезбедуваат најубедливиот контакт со околината. За човекот видот е највредното сетило и неговото оштетување или губење значително го ограничува квалитетот на животот, затоа мораме да ги заштитиме нашите очи. Како изгледа и функционира окото? Човечкото око е специфичен орган. Неговиот функционален дел е очната леќа, која овозможува светлосните зраци кои минуваат низ рожницата правилно да паднат на мрежницата. Тие промени влијаат на структурата на мрежницата и дразбата се пренесува понатаму до мозокот. Ако оптичкиот апарат на окото добро и правилно функционира, светлосните зраци се кршат точно на мрежницата, а резултатот е јасна слика од предметот. Ако пак оптичкиот апарат не функционира исправно, светлосните зраци се кршат пред или зад мрежницата. Резултатот е замаглен и нејасен вид. за корекција на рефракциската грешка се применуваат диоптриски очила, контактни леќи или операција. Очната леќа  е многу осет...
Image
10 НАЧИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЕКЦИИТЕ КАЈ КОРИСНИЦИТЕ НА КОНТАКТНИ ЛЕЌИ Доколку носите контактни леќи многу е важно да ја разберете важноста на правилната хигиена на очите. Правилната хигиена при носење на контактни леќи може да спречи сериозни инфекции на окото . Наведовме 10 најдобри начини како да се намали можноста за инфекции на окото предизвикани од носењето на контактни леќи. 1. Извадете ги контактните леќи пред контакт со вода.  Контактните леќи би требало да се извадат пред пливање, туширање или капење. 2. Секогаш измијте ги рацете пред ракување со леќите.  Рацете треба да се мијат со сапун и темелно да се сушат пред ракување со контактни леќи. 3. Контактните леќи секогаш мора да бидат чисти.  Контактните леќи треба правилно да се исчистат според упатството од производителот или вашиот оптометрист или офталмолог. 4. Дезинфицирајте ги вашите леќи.  Користете препорачана течност...
Image
Што е оптометрија?  Оптометријата  е професија која веќе одамна е позната во Европа и светот. На нашите простори пошироката јавност уште не е доволно запознаена со оваа гранка од здравството. Се работи за специјализација чија главна задача е корекција на видот Оттука, оптометристи се професионалци образовани за да извршат  преглед на видот , да откријат разни нарушувања на видот и да препознаат можни болести кои го зафаќаат окото или визуелниот систем на човекот. Работата на ваков професионалец секако може да биде потребна и корисна.  Како и секоја друга професија, оптометријата во разни држави и се разликува по начинот на образование и во праксата. Оптометријата е една од трите дисциплини кои се вклучени во грижата за видот. Со оптметристите работат офталмолози кои пружаат медицинска грижа, потоа оптичари, кои ги обезбедуваат оптичките помагала и контактните леќи.  Која е разликата помеѓу опмтометрист и офталмоло...